Почина уште еден поранешен натпреварувач на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. На 62-годишна возраст битката со коронавирусот ја загуби Драган Милојевиќ-Јапанац, а смртта ја потврди и неговото семејство.

Бројни колеги од естрадата, но и од адвокатската фела со неверување ја примија оваа вест.

Освен во музиката, страствено беше вљубен и во моторите, а како најдраг спомен му остана турата што ја извози низ Португалија, Грузија, Ерменија, Азербејџан и Турција.

Ова дефинитивно е црна година за пејачите од „Никогаш не е доцна“. Пред пет месеци беше пронајден мртов победникот во првата сезона на регионалното музичко шоу, Станоје Станковиќ, многу попознат како Кале Дијамант.

По само три недели почина и Милорад Павловиќ Арса, исто така финалист во шоуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.