Американскиот пејач и актер Мит Лоф (Meat Loаf) почина на 74 години, потврдил неговиот агент. Како што пренесува „Гардијан“, причините за смртта не се познати.

Музичарот роден како Марвин Ли Адеј почина на 20 јануари со сопругата Дебора до него.

Знаеме колку им значеше на многумина и навистина ја цениме сета љубов и поддршка додека минуваме низ ова време на тага поради загубата на таков инспиративен уметник и убав човек, се наведува во соопштението семејството на Мит Луф.

Тој е најпознат по трилогијата на албумот Bat out of Hel, кој е продаден во повеќе од 50 милиони копии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.