Рaтислав Раша Ѓелмаш, поранешен тапанар на Ју група, Поп машина и лидер на групата Зебра, почина во Белград на 72-годишна возраст.

Ѓелмаш е роден на 26 јануари 1950 година во Белград, а својот прв интерес за музика го покажал во 1966 година, кога со своите врсници од училишниот оркестар ја основал групата Ангели.
Во март 1972 година ја основа групата Поп машина со Роберт Немечек (бас), Зоран Божиновиќ (соло гитара) и Сава Бојиќ (соло, вокал).

Поп-машината како нова белградска група со свој репертоар (дванаесет авторски песни) брзо станува забележана, популарна и неизбежна на белградската музичка сцена во седумдесеттите години на 20-иот век.

Подоцна тој се сели во Силуете и на крај станува тапанар на тогаш веќе популарната ЈУ група, која ја сочинуваа браќата Жика и Драги Јелиќ. Во тие години Раша Ѓелмаш важи за најдобар млад белградски тапанар. Со ЈУ група доживеа голема популарност низ СФР Југославија.

Во 1976 година ја напушта ЈУ група и ја формира Зебра. Со Зебра го издаде албумот „Велат дека таков е редот“ (1979), на кој свиреше на тапани и клавијатури и пееше.

Во 1982 година, тој го издава соло албумот „Hot roсk“, на кој се појавуваат Ѓелмаш на тапани и вокал, Бата Костиќ на гитара и Лаза Ристовски на клавијатури. По објавувањето на албумот, Ѓелмаш се повлече од музиката и се посвети на автомобилските трки и на својот ресторан.

Во 1989 година се враќа во ЈУ група и со бендот ги сними албумите „Трагови“ (1990) и „Рим 1994“ (1995 година). На крајот на 90-тите, тој ја напушти ЈУ група, повлекувајќи се од музиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.