Веста за раскинувањето на љубовната вска помеѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ беше вест број еден во регионалните медиуми, посебно поради тоа што тоа беше врска која траеше цели 24 години, и важеа за еден од најстабилните парови на музичката сцена. Но, сега словенските медиуми пишуваат дека Петар е виден со нова девојка, 45 годишна Словенка, Соња Ерчуљ.

Имено, Грашо и оваа девојка се видени заедно веднаш по раскинувањето со Данијела па медиумите се посомневаа дека тие се во љубовна врска. На овие информации се огласи и самата Соња која остро ги демантираше написите во медиумите и напиша:

Точно е дека соработуваме, но не сме поврзани приватно, никако. Ова е мало место и сешто се зборува. Тоа е затоа што луѓето не разбираат што е соработка, изјави Соња за „Журнал 24“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.