После откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година, која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Пласибо го потврди доаѓањето на 16-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје.

Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава за новиот албум организаторите го објавија овој голем евент.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15-ти октомври во 09 часот наутро, а оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат картите со новиот датум доколку тоа не го сакаат бидејќи сепак ќе им бидат важечки, велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.