Северина пред два дена ја објави новата песна „Попила“, а со хитот во најава беше промовиран и видеоспотот. За малку повеќе од еден час новата песна на Северина омаше преку 14 илјади преслушувања и илјада и шестотини лајкови на Јутјуб.

Но, на толку многу будни очи не успеа да им избега фактот дека видеоспотот неодоливо потсетува на спотот на Цеца за песната „Трепни“, која го објави во 2016 година.

Спотот на Северина, како и оној на Цеца, преполн е со исти ефекти, а стиховите на двете песни на ист начин се појавуваат во видеата.

Автор на двата спота е 26-годишниот Љуба Стефановиќ, кој соработува со многу српски ѕвезди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.