Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, по една година повторно се врати на концертната сцена во Македонија, овојпат на Антички театар во Охрид. Антички беше полн, а настанот го следеше публика и надвор од него, на балконите и пред вратите на театарот.

Заблагодарувајќи и се на публиката за убавите чувства што секогаш ги буди кај него рече дека кога доаѓа во македонија секогаш му се полни срцето.

Неговите прекрасни љубовни балади одекнаа на овој магичен простор, а не изостанаа и веселите хитови на хрватскиот „мајстор“ на музиката. Публиката пееше во еден глас…„Ако те питају“, „Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“…и уште многу други хитови, а со „Цесарица“ се потсети на Оливер Драгоевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.