Пејачот Петар Грашо призна дека е во љубовна врска со ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана.

-Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добро и среќни сме, првпат проговори Грашо за својата врска.

Сепак, открива дека бил изненаден од некои новински натписи.

Некако научив, со оглед на тоа дека многу го кријам својот приватен живот, вниманието на јавноста да е поголемо. Но, мора да бидам искрен, по малку ме изненади креативноста на одредени медиуми и смислувањата на разни облици на нешто. Ние го живееме својот живот и важно е дека луѓето околу нас се задоволни, вели пејачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.