За нејзиниот љубовен живот во медиумите многу се пишувало, но таа сите новински наслови ги игнорирала.

Станува збор за контроверзната пејачка Алка Вуица, која секогаш знае како да ѝ привлече внимание на јавноста.

Своевремено се пишувало за нејзиното познанство со Бајага, кој ѝ посветил две песни  „Замижи“ и „Од другата страна на перницата“.

Алка и понатаму може да се пофали со својот младолик изглед.

Таа сега сите ги изненади со последната обајва на својот Инстаграм профил – фотографија на која нема ни грам шминка.

Иако е на прагот на седмата деценија, Алка нема ниедна брчка на лицето, а нејзините следбеници не го криеле своето воодушевување од нејзиниот изглед.

„Природна и најубава“, „Убава жена“, „Кога некој е убав – убав е“, „Овде личиш на Меган Маркл“, се само дел од коментарите за изгледот на пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.