Пејачот на германската рок група Рамштајн, Тил Линдеман е заразен со новиот коронавирус и се наоѓа во болница на интензивна нега.

Според германскиот весник „Билд“, Линдеман бил во животна опасност, а сега состојбата му е подобрена.

По концертот во Русија, тој се вратил во Берлин каде што добил висока температура. Со Брза помош е префрлен на клиника каде што е тестиран и е потврдено дека е позитивен на коронавирусот. Исто така му е дијагностицирана и пневмонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.