Во случај некоја фамилија да има потреба од било каква помош, физичка или финансиска, Ви стоиме на располагање, порачаа по вчерашното тешко невреме Панчо и Андреј од дуото ДНК.

Денеска веќе го посетија првото семејство кое им се обрати за помош, а велат тука се и за сите на коишто ќе им затребаат.

По вчерашната наша објава, за жал се јавија повеќе луѓе и фамилии кои биле засегнати од големото невреме кое го зафати Скопје. Ја посетивме Др. Весна Балашевска во нејзината куќа во Чаир, во која живее со нејзиното 7 члено семејство од кои две се малолетни деца. Весна е вработена како доктор по општа медицина во поликлиниката Чаир и за среќа не се социјално загрозени, но ни кажа дека и повеќе од потребна им е човечка сила за да може да се исфрлат сите работи од подрумот кои се веќе уништени и неупотребливи. Исто така, најбитно во моментот е да се најде електричар заради струјата која им е исклучена поради безбедност да не дојде до избувнување на пожар, и нормало ако некоја фирма или физичко лице може да им донира пелети бидејќи нивната залиха за зимскиот период е пола уништена. Дезинфекциски средства и средства за хигиена исто така ќе им бидат од голема помош.
Упатуваме апел и до градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу да се вклучи во целиот процес, но и на Град Скопје  и сите останати надлежни институции.
Бројот за контакт на Госпоѓа Весна е: 077 619 402
Ајде заеднички да помигнеме кога сме потребни, и да не заборавиме дека заедно секогаш сме посилни, порачаа Панчо и Андреј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.