На самиот почеток на нејзината кариера, Лепа Брена се бореше со прекумерна тежина. Како што и самата вели, еден ден застанала пред огледалото и сфатила дека итно треба да ослабе.

Од тогаш до денес, таа се придржува до ова мени. Благодарение на него, таа има совршена линија, и никогаш не ги врати изгубените килограми.

Кога започнала да јаде на овој начин, за 89 месеци ги намалила килограмите од 89 на 67 килограми.

Пејачката верува дека умереноста е клучот за добра линија и здравје.

– На моја возраст, човек учи дека не треба да претерува во ништо, особено во месото, што главно се наоѓа на менито кај нас – вели пејачката и објаснува како со текот на годините успеала да ја задржи фигурата на која многу жени и завидуваат :

– Секое утро кога ќе станам вежбам јога. Без оглед на тоа колку години имате, важно е да јадете помалку, бидејќи тогаш се чувствувате подобро. Сакам да јадам слатки и некои хамбургери, пица, но се обидувам да не претерувам – заклучи фолк sвездата за „Блиц“.

Еве како изгледа нејзиниот план на исхрана:

Ден 1

Појадок: Мусли направено од овесна каша, бадеми и свежо овошје

Ручек: Риба на скара и зеленчук на пареа.

Вечера: Потаж супа или голема чинија со младо сирење.

2 ден

Појадок: салата и 2 варени јајца.

Ручек: чинија потаж од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук, по избор.

Вечера: салата.

3 ден

Појадок: омлет со брокула и сирење.

Ручек: чинија чорба од зеленчук, 150 гр бифтек на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: медитеранска салата со туна.

4 ден

Појадок: омлет и салата.

Ручек: чинија чорба, 200 гр бело месо на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: Цезар салата.

5 ден

Појадок: мафини со пиперки, печурки и јајца.

Ручек: чинија чорба од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук.

Вечера: Сезонска витаминска салата со бело месо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.