Од 1 до 4 август на нова локација, во кругот на поранешната касарна во Охрид, се одржа четвртото издание на „Охрид колинг 2019“ („Ohrid calling 2019“), фестивалот што иницијално беше организиран како активност во насока на промоција на туристичката понуда на градот.

Годинава настапија дваесеттина познати имиња од музичката електронска сцена, како ѕвездите Стив Аоки, Маркус Сулц, НЕРВО, Вини Вичи, Санери Џејмс, Рајан Маричано и уште многу други. Атмосферата беше неповторлива, а присутните секојдневно со нова возбуда се подготвуваа за следното музичко доживување.

Низ годините фестивалот привлекува особено внимание, со масовна посетеност на публика од земјата, регионот, па и целиот свет.

Оваа година за пофалба е и спектакуларна сцена, врвно озвучување, најсовремени визуелни ефекти, пиротехника, односно оние кои го посетија „Охрид колинг“ ги имаа сите предуслови за несекојдневно музичко доживување.

Од домашните ди-џеи настапија Александар Галоски и електро-дуото Бојан и Андреј Сирилик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.