Настапот на Васил Гарваниев на Евровизија синќа со право беше оценет како најдобар сценски настап на македонски претставник на Евровизија, но тоа не беше доволно да ја однесе Македонија во финалето.

Пред настапот на Евровизија тој имаше непотребни провокации – боите на бугарското знаме во спот, алки во боите на бугарското знаме, се појави интервју во кое го истакнува неговиот бугарски пасош… Сето тоа предизвика револт кај дел од Македонците. Сепак Васил вечерва професионално ја одработи задачата, го исполни ветеното – добар и моќен настап. За жал, Македонија не се најде во десетте финалисти.

Учеството на Гарванлиев заврши синоќа, но во родната Струмица од Ротердам се враќа со нов товар – одличниот настап е плагијат.

Настапот на Гарваниев со огледалата несомнено е идентичен со настапот на шведската пејачка Дотер лани на фестивалот Melodifestivalen 2020 во Гетеборг. Ви ги приложуваме двата настапи, па оценете.

Презадоволен сум од мојот настап. Цела сцена е исполнета  со љубов и енергија. На крајот од настапот  ќе светне изгрејсонце на сцена. Има специјален ефект, изгрева сонцето зад мене. Па и главната порака на целиот настап е темнината ја претвараме во светлина и шириме љубов, вели Гарваниев во едно интервју.

Васил синоќа се појави во креација на дизајнерот Раде Василев.

Раде Василев, секако и јас и Тине Мари ја смисливме гардеробата. И за тиркизниот килим се е заслуга на Раде и метафората со огледалото дека секогаш ја кажува вистината, не лаже е негова идеја, рече Васил во истото интервју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.