Новата песна  на Драган Величковски Тајзи е насловена „Гори“.

Таа  е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година од Тајзи, повторно во соработка со Балкатон продукција на Раста. Песната  е на македонски јазик и  како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист Драган Величковски Тајзи .Последно нешто од овој тим беше „Пабло“, песна која  беше  вистински хит изминатата година и вртеше по радио станиците и клубовите низ целиот Балкан, велат оттаму.

„Гори“ е снимена во студиото на  еден од  најдобарите  продуценти  во Македонија , Лазар Цветковски, музиката  и текстот се  на Тајзи, а аранжманот и мастерот на Лазар.
Спотот е во режија на Даниел Јовески.

Целиот склоп на луѓе и енергии во проектот дава една убава хармонија и заразен ритам кој те тера да ја пуштиш  повторно. Спотот повторно изгледа како да не е снимен во нашата земја, а во него покрај убавите локации, можеме да видиме неколку преубави Македонки како и жонглерската група  од  Битола – Acid Triple“- вели Тајзи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.