Мјузик рум неодамна го започна својот пробив во скопската клупска сцена и набрзо се етаблира како уникатен клубски концепт кој секоја сабота ја пополнува празнината на ноќниот живот во Скопје. Constantine V како резидент диџеј вели дека идејата за почеток на еден ваков вид на патување била присутна веќе подолго време.

Инвентивноста на менаџментот на Јавна соба веќе неколку години носи свежина во нашата урбана средина и како таква таа нè доведе до замисла да дадеме една сосема поинаква вибрација во ноќниот живот во Скопје. Ние веруваме дека токму сега е вистинскиот момент Скопје да добие своја музичка соба.

Електронската музика ќе биде наш двигател и зад неа стојам јас. Новината е во тоа што ние постојано ќе имаме гости на нашата сцена, музичари кои ќе го збогатуваат нашиот звук и ќе дадат свој аранжман на тоа што публиката ќе го слуша. Започнуваме со вокал, Јана Бурче е со нас и имаме подршка од гитарата на Александар Филиповски.

Одиме чекор по чекор и се стремиме во музичката соба да продефилираат разновидни инструменти кои секако ќе ја збогатат мојата приказна и ќе дадат свој белег на вечерта. Ќе имаме неколку ноќни прошетки низ светот со дип хаус музиката. Ќе ја посетиме Африка, ќе поминеме преку Блискиот Исток, ќе користиме примеси на ориентална музика, Јужна Америка, променади низ Европа, а Вие имате само една задача, препуштете се на звукот и танцувајте како никој да не ве гледа. – вели диџејот Константин В.

Идејата е Мјузик рум да прерасне во интернационален бренд позади кој македонските промотери и продуценти ќе имаат можност да пласираат уникатен концепт на интернационалната музичка сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.