Групата Ван Гог ја најави новата песна „За сузе нема времена“ која ќе се најде на нивниот нов албум со наслов „Море без обала“.

Ова е десетти студиски албум и излегува по точно пет години од нивното последно студиско остварување.

Албумот „Море без обала„ носи бран на звучна свежина низ десет нови песни, со силен енергетски набој и со препознатливиот печат на вангоговската поетика.

Албумот ќе го види светлото на денот на 13 февруари оваа година и излегува под етикетата на Ван Гог Продукција а истиот ќе биде достапен и на сите актуелни download платформи.

– Ви предлагаме во старата година зад себе да го оставите се она што ве правеше несреќни и со насмевка да се свртите кон оние што најмногу ги сакате, бидејќи „За солзи нема време!„ Среќна Нова 2019 Година од целиот тим на групата Ван Гог, вели фронтменот Звонимир Џукиќ Џуле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.