Денеска во A1 арената (СЦ Борис Трајковски) ќе се одржи концерт на „2 Бона“ од Македонија и Мили од соседна Србија. Организаторите од „К1 продукција“ заедно со „2 Бона“ и Мили одлучија дел од собраните средства на концертот да се донираат на сметката за помагање на лекувањето на Јана Арсовска од Охрид.

Јана боледува од премногу редок тип на канцер и по двете трансплатации на коскена срцевина и беше предложено итно лекување со имунотерапија. Ова барање беше одбиено од Фондот за здравство, а пресудата од Управниот суд ФЗО повторно да го разгледа случајот беше обжалена од фондот со што на Јана и се одмога, наместо да и се помогне од институциите. Со месеци се чека одлуката од вишиот управен суд на Република Македонија, а Јана во меѓувреме е во клиника во Солун, бидеќи после 10 месеци без никаков третман и терапија мораше да започне со големата битка за консолидирање на нејзината здравствена состојба.

После неколку месеци од почетокот на акцијата беа собрани околу половина од средствата, поради што ги замолуваме сите хумани луѓе истата да продолжи и да и овозможиме на Јана се што е можно и најдобрата можна опција во битката против опасната по живот премногу ретка болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.