Егзитовиот меѓународно признат „No Sleep“ фестивал е прогласен за „Најдобар нов фестивал во Европа“ на свечено доделување на Европските фестивалски награди (European Festival Awards) во Холандија, најпрестижното европско фестивалско натпреварување! Пред титулата за No Sleep, EXIT веќе освои две награди за „Најдобар голем европски фестивал“ за изданијата во 2013-та и 2017-та година, а Sea Dance за „Најдобар европски фестивал од средна големина“ за 2015-та година.

Со тоа тимот на EXIT стана и најнаградуваната независна фестивалска групација во Европа, освојувајќи дури четири титули во само седум години и тоа во годината кога EXIT го прославува својот јубилеен, дваесетти роденден! Триумфот на No Sleep фестивалот посебно се истакнува кога ќе се земе предвид дека на овогодишното фестивалско натпреварување учествуваа повеќе стотици фестивали, за кои гласаа над 350 илјади луѓе од бројни земји во светот, како и стручното жири, кое го сочинуваат некои од најголемите авторитети во светската музичка индустрија. По двете освоени титули, и EXIT повторно се најде меѓу десетте најдобри големи фестивали во Европа, и тоа по десетти пат од кога се покренати овие награди во 2009-та година, а меѓу најдобрите фестивали од средна големина дури шест пати се најде и Sea Dance.

Покрај фестивалите во организација на EXIT тимот, меѓу најдобрите фестивали во Европа беше вклучен и македонскиот ТАКСИРАТ, кој по 12-те номинации досега, годинава по втор пат се запиша како еден од десетте најдобри европски фестивали во својата категорија, „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best indoor festival).

Музичката платформа No Sleep која EXIT ја креираше со поддршка на популарниот домашен бренд „Гуарана“, изгради завидна репутација на светската сцена во изминатите пет години, пред сѐ преку култната бина на EXIT и Sea Dance фестивалите, но и бројните No Sleep настани во светските метрополи како што се Лондон, Њујорк, Рим, Сао Паоло, Барселона, Брисел и други. Со пофалби од фановите и медиумите од пеку 40 земји во светот, No Sleep ги претстави некои од највозбудливите изведувачи на светската електронска сцена и водечките клубови во светот, кои беа и домаќини на Егзитовите No Sleep настани, а меѓу кои се и fabric (Лондон), Rex, Concrete (Париз), Tresor (Берлин), Sub Club (Глазгов), Fuse (Брисел), Arma17 (Москва), D-Edge (Сао Паоло), The Bunker (Њујорк), Goa (Рим), Nitsa (Барселона) и други.

Иако се одржува само две години во денешниот формат, No Sleep веќе се издвои како еден од најголемите „indoor“ електронски музички настани во Европа, а се одржува на преку десет локации во Белград. На списокот со досегашни изведувачи на фестивалот, во низа се наоѓаат некои од најбараните светски имиња како што се Nina Kraviz, Fatboy Slim, Amelie Lens, Bicep, Jeff Mills, Dax J и бројни други. По големиот успех со распродаденото фестивалско издание и конференцијата која ја надополнува програмата, No Sleep се враќа и оваа година во ноември, а сите детални информации ќе бидат наскоро достапни на nosleepfestival.com.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.