Денеска Влатко Илиевски требаше да наполни 35 години. Пејачот, автор, актер и водител почина на 6 јули во 2018 година. Како што открива неговиот татко за „Женски магазин“, наскоро ќе биде издадено цд со 19 песни, внимателно ги избрани од семејството на Влатче – таткото Драган, мајката Јулија и сестра му Наташа.

Албумот не е комерцијален, нема да се продава, ќе го подариме на сите фанови на Влатко, од срце. Таков беше  Влатко, сакаше да подарува. Кога ќе се случеше на фестивал да не победи, а бил фаворит, или поради погрешно пресметани поени како што се случи еднаш на „Охридски трубадури“ не се лутеше. Само ќе речеше: „Нема врска, и ќе излезеше да ја прими втората награда со насмевка. Никогаш на никого не му се лутеше, сè решаваше со насмевка, вели неговиот татко, Драган Илиевски- Вршац, познат спортист и скопски угостител.

Целата сторија на „Женски магазин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.