Во време кога има троцифрен број заразени од корона вирус секој ден поради што на сила се голем број протоколи како треба да се однесуваат сите посетители на туристичките места, во Охрид се закажуваат и рекламираат големи турбофолк журки.

Последните такви се најавените концерти на стадионот „Горица“ на српските турбофолк ѕвезди Дарко Лазиќ и Теодора Џехверовиќ, кои ќе настапуваат на 31 јули, како и Сандра Африка и Аца Лукас, чиј концерт ќе се одржи ден подоцна, односно на 1 август.

 

Организирањето на вакви настани е прилично скандалозно, особено ако се земе предвид дека поради незавидната епидемиолошка сосотјба во земјава, не се дозволува работа на рестораните за свадби или на дискотеките, со што без работа се оставени голем број луѓе од персоналот на овие објекти, а се дозволува одржување на турбофолк концерти на кои, вообичаено, има голем број посетители.

Тука се поставува прашањето, колку ваквите журки, за кои се очекува масовна посетеност, се закана за јавното здравје и дали може да се очекува од нив да се развијат нови кластери на заболени од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.