Помнаа само неколку недели откако Наташа Малинкова ја објави својата последна песна „Што ли да направам“, тема со која учествуваше на овогодишниот „Макфест“ во Штип.
Но, македонската пејачка денеска ја промовираше својата најнова песна со наслов „Биди со мене“ на која како автор се потпишува Столе Аврамов.

За разлика од претходната тема, ова е нешто сосема поразлично и можеби помалку неочекувано од познатата пејачка.

Искуството низ годините и ноќните настапи ни се единствениот репер за тоа што би сакала публиката да слуша. Мешање на стилови од ретро, до песни со модерни аранжмани… Сакавме во период кога ни претстојат убави празници, во моменти кога сме опкружени со луѓето што ги сакаме и не сакаат, да им подариме една убава поп-латино тема во која мислам дека секој еден може да се пронајде, вели Наташа.

Малинкова сними и видеоспот, на кој како режисер се потпишува Владислав Гавриловски.

Тоа е една спонтана приказна за тоа како изгледа едно наше деноноќие. Работата во студио, дел од нашите ноќни настапи, нашите најмили и пријателите. Овојпат честа ја имав статисти во спотот да се појават моите драги колеги и пријатели, Даниел Дан и Марко Марк, а девојката во видеото ни е гостинка од Мелбурн, која случајно и со задоволство прифати да биде дел од ова, за неа прво искуство, вели пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.