Колумбискиот диџеј и музички продуцент Ерик Мориљо беше пронајден мртов во Мајами, соопштија американските медиуми. Сè уште не се познати причините за смртта, ниту дали се работи за насилна смрт. Мориљо имаше 49 години.

Смртта на Мориљо доаѓа неколку недели откако беше уапсен за секуален напад, кој наводно го извршил во декември, но тој ги отфрли сите обвиненија како лажни.

Светот го запозна по хитот „I Like to Move It“, а тој долги години владееше со интернационалната хаус и денс музика. Неколкупати бил наградуван за својата работа како диџеј. Во 2016 година настапи и во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.