Синоќа во салата на Македонската филхармонија, Раде Шербеџија со концептот „Ти би хтјела пјесмом да ти кажем“ настапи со репертоар во кој се сите класици како „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјаесму за тебе“…

Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб ја разнежни публиката со старите хитови, а најсподелувана на социјалните мрежи беше изведбата на „Не дај се Инес“.

Познатиот актер, поет, музичар и режисер од сцената во Филхармонија пееше, рецитираше поезија, кажа и анегдоти за својот „емигрантски“ живот во Лондон. Пoкрај  „Не дај се Инес“ публиката слушна и уште неколку напишани од неговиот долгогодишен соработник Арсен Дедиќ, како „Дјевојка из мога краја“, „Панонске трешње“, „Твоје њежне године“… Во нов аранжман ги
испеа „Мени се душо од тебе не растаје“ на Џони Штулиќ, римејк на „Остала си увијек иста“ од Мишо Ковач, поезија од неговата збирка „Пријатељ га каже више не познаје“, антологиската „Чекај ме“ од Константин Симонов, а во негов боемски стил, со чаша вино, ги говореше
и стиховите на Дис: „Не марим да пијем, ал’ сам пијан често“.

Со актерката Јана Стојановска и Гаро и браќата Тавитјан ја испеа „Кад умре љубав, музика нек свира“, која денеска заедно и ќе ја снимат во студиото на Тавитјан и ќе биде на неговиот нов албум кој ќе излезе наесен.
Таа песна, рече, ја напишал заедно со Кемал Монтено во 1992 за првиот албум. Плочата не успеале да ја промовираат зашто токму тогаш почнала војната во Сараево и таа изгорела сосе сараевски „Дискотон“. Со Монтено ја пееле на концерти, но никогаш повторно не била снимена Двочасовнот концерт што го организираше Авалон-продукција го почна
со „Имам пјесму за тебе“, а го заврши со „Елено ќерко, Елено“ која ја
сними пред неколку години за проектот на Тавитјан „Македонското срце
чука во 7/8“.
Ѕвездата на југословенскиот филм во Скопје беше и во декември по повод 25 години од филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“, во кој ја игра главната улога. Поканата за филм ја добил додека живеел во Лондон и значела ново поглавје во неговата богата, а во тоа време неизвесна
филмска кариера, а успехот на овој филм му отвори холивудска перспектива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.