Поминаа точно десет години откако младиот гевгеличанец Иван Раденов триумфираше во првото и единствено издание на „Македонски идол“, реалното музичко шоу чија лиценца ја имаше тогашната „А1 телевизија“.

Кратко по завршувањето на шоуто, следеше затворањето на медиумот, а со тоа и пропаднаа ветениот албум и напредок во музичката кариера на Раденов.

Пејачот веќе неколку години живее во Белград, а денекса преку „Фејсбук“ порача дека никогаш не е доцна за промена. Навистина, ретко кој би го препознал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.