На 28 март (вторник), со почеток во 21 часот, на сцената во ноќниот клуб „Станица 26“ за првпат ќе настапи младата вокалистка Натали Зарин. Ова уникатно целовечерно музичко изненадување насловено „Рапсодија 26“ е замислено како фузија на различни музички жанрови и звуци, повеќе и помалку познати на нашата сцена, обоени со иновативен призвук.

Овој музички проект нуди свеж и препознатлив звук, кој ги спојува елементите на поп, соул, електроника и денс музика. Креираме оригинални аранжмани на веќе познати мелодии, преработени во уникатен стил и создаваме нов звук. Така, се обидуваме да допреме до публиката и да создадеме едно ново и незаборавно искуство. Нашата музика е спој на различни жанрови, кои ги рушат конвенционалните граници, вели Зарин, која на сцената ќе настапи со поддршка на музичарите: Никола Бочваров на бас гитара, Александар Ванчовски на тапани, Петар Лукиќ, клавијатури и Иван Петровски – гитара.

Музичкото патување ќе биде отворено со оригинална музика од Авиа (интрументална верзија). Прв акт: „Габриел“, потоа, следуваат изведби на песните: „Чувствувам љубов“, „Засекогаш повеќе“, “Треска”, „Роден да умре”, „Во состојба на интоксикација”. По интермецото со Париз од Авиа (инструментална верзија), следува втор акт: „Панаме“ и песните: „Не плачи за мене Аргентина”, „Прекрасниот остров”, „Боем“, „Тебе ти е редот“, „Повлечи се” и „Ми недостасуваш”. И трет акт „26“ и мелодиите: „Подготвен или не/не сакам да знам“, „Чекори една миља во моите чевли”, “Ќе преживеам” и „Не е во ред, но добро е”.

Натали е ново име на македонската музичка сцена, а вокалната техника ја образува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Борис Трајанов.

Во 2018 и 2019 година се има доусовршувано на приватниот истражувачки универзитет – Музичкиот конзерваториум „The New School“ во Њујорк. Претходно има посетувано и часови по глума во Студиото на Ивана Чабак во Лос Анџелес (2016/2017).

Минатата година, за време на нејзиниот престој во Париз, Франција, има настапувано во клубот „Le Piaf“ и во прославениот кабаре бар „Boeuf Sur le Toit“.

Во Соединетите Американски Држави досега имала неколку настапи во живо помеѓу кои во „Town Hall Ptown“, „Tin Pan Alley late night show“ и на „Училишна ноќ“ во Лос Анџелес.

Досега има настапувано и со оркестарот на Национална опера и балет во Скопје.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.