Нашиот интернационален музички проект RIS FLOWER, од денес во светскиот етер е присутен со нов сингл: “Hearts So Cold”.

По неговото последно издание “Live Power Session” (последно нешто снимено во веќе легендарната “Универзална Сала Скопје”), Борис Цветановски a.k.a RIS FLOWER, на музичките сладокусци им носи нова песна која со својот специфичен ритам, модерен звук и моќни, енергични вокали е најава за првиот албум на Ris Flower кој ќе се реализира во 2022 година.

RIS FLOWER: – “Во време кога на глобално ниво срцата се насекаде ладни, единствено љубовта е нешто што може да ни даде сила, енергија и топлина.

Време е да кажеме громогласно “НЕ!” и да се бориме против негативните влијанија кои се почесто секојдневно не опкружуваат. Верувам дека пораката која ја пренесувам преку мојата нова песна “Hearts So Cold” ќе допре до луѓето и ќе ги охрабри во овие ладни времиња.”

“Hearts So Cold”:

Музика и текст – RIS FLOWER

Аранжман и продукција– Мустафа Чанбазлар

Снимено во – “Studio Ari” Истанбул Турција

Видео спот: Бруно Велјановски (Режија), Борис Ралев (Камера), Владимир Владимиров (Монтажа)

Со промоцијата на оваа песна, Ris Flower ја промовира и својата прва колекција за облека под името “Flowear” (@theflowear) чија тема се текстовите од песните на Ris Flower.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.