Леонард Алберт (Лени) Кравиц, роден на 26-ти мај, 1964 година е американски пејач, текстописец , мултиинструменталист, продуцент, аранжер, чиј „ретро“ стил вклучува елементи од рок, соул, фанк, реге, хард рок музика и балади. Покрај пеењето и придружните вокали додека снима, Кравиц често свири на сите гитари, басови, тапани, клавијатури, ударни инструменти. Тој е познат по неговата секогаш добро наместена сцена и спотовите .

Кравиц има многубројни хитови на прво место на US Top синглови, ја доби Греми наградата за најдобар машки вокален рок изведувач четири години по ред, од 1999 до 2002 година, рушејќи го рекордот со најмногу и најнепрекинати победи во таа категорија .

Многу пати е номиниран и има добиено многу престижни награди како Американски Музички награди , МТВ Видео музичките награди , Радио Музичките награди , Британските награди , И Блокбастер Ентертејмент наградите . Има продадено околу 38 милиони албуми низ светот.

Кравиц е роден во Њујорк, на 26-ти мај 1964 година, син на Рокси Рокер, актерка позната по улогата на Хелен Вилис во хит телевизиската комедија од 1970 година Џеферсонови, и Су Кравиц продуцент на вести во НБЦ .

На три години , Кравиц удирал по тенџерињата и тавите во кујната како на тапани . На петгодишна возраст посакал да биде музичар . Тој почнал да тропа на тапани , а набрзо почнал и со свирење на гитара . Кравиц пораснал слушајќи музика што ја слушале неговите родители , Р&Б , џез , класична , опера , евангелистичка и блуз .

Моите родители ми беа голема поддршка кога рано почнав да ја сакам музиката и ме носеа на многу концерти, раскажува Кравиц.

Во 1982 година Кравиц матурирал и го наговорил татко му да му даде пари за снимање , наместо за факултет . Со својата прва демо снимка добива понуди од неколку продуцентски куќи вклучувајќи го И.Р.С Рекордс , но му било кажано дека треба да ја смени својата музика, односно да ја направи „доволно црнечка “ за да се вклопи во тогашните Р&Б радио стилови .

Одбив, изјави Кравиц во 1989 година за „Лос Анџелес Тајм“ .

Во 1989 год , Кравиц потпиша со Вирџин Рекордс и го издаде својот деби албум “Let Love Rule” на 6-ти септември 1989 година , комбинација од рок и фанк , и основни вибрации од 60 те години.

Во 1995 година излегува албумот Circus што беше на 10 место на Билборд листата и имаше само две хит песни : “ Rock and Roll Is Dead “ и “ Can’t Get You Off My Mind”

Во 1998 година , за прв пат со  5-тиот студиски албум  , Кравиц вклучува дигитална технологија . „5“ ја претставува неговата музика на поширока публика , благодарение на песната “ Fly Away “ што е вклучена во рекламите за производи на автомобили и на воздухопловните компании . 5 стигнува до 28-то место на Билборд 200 , а “ Fly Away “ на 1-во место .

Во 2000 година , Кравиц го издава албумот Greatest Hits . Се покажа дека е негов најуспешен албум , достигнувајќи го 2-то место на Билборд 200 , Албумот е продаден во околу 11 милиони копии низ светот и станува еден од најуспешните албуми на декадата .

Денес Лени Кравиц е сеуште мега ѕвезда кој ги полни големите стадиони. Тој е хедлајнер и на многу светски познати фестивали оваа година. Тој е познат како музичар кој кога трга на светска турнеја, секогаш носи со себе своја (во тој момент) најнова и најсовремена продукција.

Па така, во Скопје доаѓаат десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во оваа турнеја, додека од наша страна се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција.

Сево ова е доказ дека Скопје ќе види многу големо шоу какво што Lenny Kravitz ќе одржи на сите свои концерти во рамките на Raise Vibration турнејата, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.