Марина Туцаковиќ беше една од најдобрите текстописци на сите времиња. Нема позната музичарка од балканските простори која нема барем една нејзина песна.

Таа почина на 67-годишна возраст по долго и тешко боледување, а од неа во солзи се прости целата јавност. Меѓу нив беше и Неда Украден, која многупати соработуваше со Марина, а за неа има само пофални зборови.

Стихот кој на Марина и донесе 100.000 евра е напишан специјално за Неда. Таа еднаш ја раскажа таа приказна, а стихот е продолжение на рефренот на познатата песна „Зора је“ и гласи „Солза му капна од окото“.

„Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и двајцата неколку пати се расправавме за самиот наслов на песната. Прво ја нарековме „Јоване, зора је“, па „Милан, зора је“. Конечната верзија е „Зора је“. На крајот ја повикав Марина Туцаковиќ, која напиша само еден стих, и тоа: „ Солза му капна од окото “. Тој стих и донесе над 100.000 евра“, изјави Неда во една емисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.