Шестата ПИН Музичка конференција и шоукејс фестивал 2019, која во рамките на 21-то издание на фестивалот ТАКСИРАТ ќе се одржи од 28-ми до 30-ти ноември во Младински Културен Центар во Скопје ќе биде збирно место на стотина значајни делегати, говорници и „тешкаши“ од музичката индустрија во Европа.

Низ трите дена по разни точки и простори во МКЦ ќе се поклонат и настапат дел од моментално најдобрите од искусните, но и од најмладите креативци од европска музичка и домашна сцена – потврдија и доаѓаат повеќе од дваесетина артисти кои за прв пат ќе ги слушнеме кај нас, велат организаторите.

28.11.2019 (четврток)

Borghesia (SL)

Култна словенечка група и пионери на електронската музика на овие простори.

Marko Louis (RS)

Тој не е само биолошки наследник на легендарниот пејач Луис, неговиот глас и посебно настапите се посебно сакани и посетувани.

Bára Zmeková (CZ)

Текстописец и пијанистка од Прага, која свири и џез и класика, зачинеата со малку електроника.

29.11.2019 (петок)

Machine De Beauvoir (DE)

Колектив на уметници, формиран во 2011 година, кој во февруари 2017 година го издадоа првиот албум, „Nimmersatt“.

Radioslam (PL)

Со нивната музика развеселуваат по клубови и фестивали, освојуваат награди, а наскоро излегува нивниот прв деби албум. А ние ексклузивно ќе го ислушаме тука.

Funk Shui (MK)

Добро познати Скопјани со моќни настапи во живо. Свират алтернативно, звучат светски.

MAiKA (RS)

Балканска алтернативна денс-панк формација со членови од Србија, Хрватска и Црна Гора. Баш така и звучат: жестоко!

Ljubičice (RS)

Академски, електро-блуз, сај-фај дуо, Вук и Петар свират уште од кога биле деца.

Сашко Костов (MK)

Мулти-инструменталист, посветен на еклектични идеи, плус поет – докажан успешен рецепт. Наш човек.

SuRealistas (IT)

Бенд кој го живее својот сон, свират традиционални песни од Латинска Америка – преполни со карипски ритмови и африкански тонови.

Elektro Hafiz (TR)

Музичар од Истанбул, чии психоделичните тонови потсетуваат на свадбена музика што се слуша во пограничните села во југоисточна Анадолија.

Comminor (SWE)

Бенд од Шведска кои себеси се дефинираат како скејтпанк, панкрок, панк, неопанк, хардкор, емо, инди-рок… и што ли уште не.

Oscar Mic (GB)

Еден човек, еден микрофон, една гитара и торба полна со трикови. Го знаат и како Салвадор Дали на рап ‘н’ рол-от.

30.11.2019 (сабота)

The Magnettes (SWE)

Поп-трио од Шведска која свири своевидна мешавина од електро-поп и револуционерен панк.

Ette Enaka (CZ)

Инди бенд од Брно, заразно сместени во фолдерот емо-денс панк со пост-рок влијание.

MAZ (LUX)

Рапер од Луксембург, кој вдишува меланхолија и исплукува надеж.

Smut (MK)

Најпопуларен хардкор бенд од Скопје со 5 студиски албуми до сега. Не се пропуштаат!

Yuko (UA)

Украинци, кој комбинираат автентични фолклорни текстови со модерната електронска музика.

Zulu 3.4 (MK)

Инструментален бенд од Скопје, звучат уникатно и се свежина на македоснката музичка сцена. Годинава издадоа прв албум.

Gute Gute (IL)

Една од најистакнатите музички групи од Израел – спој на младешка воодушевеност со разновидни влијанија со пост-жанровски звук.

КУКЛА (SI)

Самопрогласена словенска ганста гејшка и поп уметник.

Oscar Soul Experience (SWE)

Нивната музика ги обединува луѓето заедно и зборува од името на чувствата на човекот.

Theodore (GR)

Епска мешавина од класични композиции со електронски елементи кои се движат од амбиентални до минималистички.

Šajzerbiterlemon (RS)

Панк трио од Белград, формиран во 2014 година. Излегоа од мали белградски клубови – сега имаат прво ЕП и 3 музички видеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.