Легендата на народна музика Маринко Роквиќ почина во 68. година. Роквиќ почина во својот дом на Кошутњак после едена година борба со карцином. Легендата на народна музика зад себе остави безброј хитови, како и синовите Никола и Марко, кои се, исто така, талентирани пејачи.

Многу јавни личности се простија од него, а цела естрада тагува.

Сега исплива снимка од последниот настап на Маринко кој никого не остава рамнодушен. Пејачот сцената ја поделил со синот Нилока Роквиќ, а на снимката може да се забележи како пејачот, за жал, веќе бил непрепознатлив поради болеста со која се борел и, за жал, на крајот ја загуби битката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.