Американската пејачка и текстописец, Ерика Баду, откри дека се тестирала за корона, но дека резултатите ја збуниле, оти од едната ноздра била позитивна, а од другата негативна. Аренби и џез пејачката откри дека три пати правела тест едно по друго, па сега не знае на кои резултати да им верува.

„Немам никакви симптоми. Ме тестираа на ковид. Истата машина. Левата ноздра ми е позитивна. Десната ноздра е негативна“, напишала таа на социјалната мрежа и додала дека лекарот пријавил само позитивен резултат.

„Ова е мој трет брз тест за 24 часа. Сите секогаш се тестираме пред секоја изведба. Пред тоа бев тестирана двапати и левата ноздра ми беше позитивна, а десната негативна. Мораме да ги испитаме овие тестови, сакам да ми ги вратат парите“, додала таа во описот на видеото и ги покажала и резултатите од тестовите како доказ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.