На денешната прес конференција по повод овогодинешното издание на Fusion Festival каде како headliner ќе настапи глобалната мега звезда TYGA беа изнесени сите детали околу и за фестивалот, со посебен акцент дека конечно во Македонија доаѓа актуелна супер звезда од светски ранг и дека со тоа е остварена желбата на десетици илјади фанови од целиот Балкан и пошироко.

За потребите на фестивалот обезбедена е најдобрата аудио и видео опрема, поддржана со фантастични сценски ефекти.

Покрај главниот headliner TYGA, на фестивалот ќе настапат и најдобрите македонски претставници на Hip Hop и Trap музиката, Irie Scratch, Dj Shorty P и Young Dadi, а фестивалот ќе го затвори со свој dj set одличниот Ampov.

Irie Scratch – “огромна е честа и задоволството да се биди на иста  сцена со дефинитивно еден од најголемите и најактуелни светски мегазвезди.

Од почетокот на мојата кариера песните на Tyga се обавезен дел од мојот  сет, како еден од  пионерите на современата Hip Hop  и Trap музика со безброј хитови и награди…”

Fusion Festival 22.06.2022 стадион АРМ – Скопје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.