Мартин Вучиќ со силна поддршка за Тамара Тодевска и нејзиното учество на „Евровизија“. Актуелниот директор на Националниот aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, на „Фејсбук“ им порача на другите учесници во полуфиналето во Тел Авив да им е со среќа.

Јас утре вечер сакам да им дадам поддршка на 17-те други земји учеснички затоа што нив ќе им биде пеколно тешко да се носат со гласот и песната на нашата Тамара. Верувајте од лично искуство го зборувам ова…Особено тешко ке ѝ биде на последната земја претставничка, бидејки ќе треба да го превземе микрофонот што нашата „баба рога“ пејачиште ќе го предаде…Mислам дека не е многу скап покривот за Арената во Скопје, порача Вучиќ.

Мартин ја претставуваше нашата земја во 2005 година во Киев, Украина, со „Make My Day“. Тој се пласираше во финале, каде заврши на 17. место.

Tамара ќе пее 17. по ред на утрешното второ полуфинале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.