Мултинационалниот вокален квартет IL DIVO доаѓа во Македонија! Концертот пред македонската публика е закажан за 15 октомври 2022 година  во Арена „Борис Трајковски“.

IL Divo е комерцијално најуспешната classical crossover група во меѓународната музичка историја, уште од нивното основање во 2003 година. Имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми, IL Divo се први изведувачи на класичен кросовер кои имаат деби албум бр.1 на 200 топ листита на Billboard.

Исто што вреди е да се спомене, е тоа што IL DIVO во 69 градови, 18 земји во светот имаат продадено повеќе од 2 милиони влезници и тоа за нивните први четири албуми.

Концертот ќе биде во чест на Carlos Marin, еден од членовите кој за жал почина во декември минатата година.

По трагичната смрт на Carlos Marin, преостанатите членови на мултинационалната група, американецот David Miller, французинот Sebastien Izambard и швајцарецот Urs Buhler, ќе продолжат со својата турнеа во знак на почит на Marin.

Турнејата, претходно насловена како “For Once in my life” ќе продолжи како GREATEST HITS TOUR со специјален гостин, мексиканско- американски баритон Steven LaBrie.

Carlos беше  личност повеќе од животот, со ретка комбинација на неверојатно убав, од Бога даден глас и апсолутно, огромен талент. Неговата страст, разиграност и смисла за хумор создадоа таква магична личност, а неговата смеа ги воздивнуваше сите. Тој беше сакан од милиони фанови ширум светот и ние имавме среќа и чест што можевме да настапуваме со него во нашата средина толку многу години. Длабоко ќе ни недостасуваат неговата разиграност, пријателство и брилијантен глас. Во негова чест, ќе ја основаме Фондацијата Carlos Marin  и ќе му оддадеме почит на неговото пеење во нашите идни концерти. Нека сите го паметат по неговата прекрасна душа, неговиот неверојатен талент и нека почива засекогаш во мир изјавија остантите членови на IL Divo во нивните соопштенија.

Турнејата ќе биде исполнета со хитовите на IL Divo од нивниот огромен каталог на песни со неверојатна сценска продукција.

Продажбата на билети за турнејата ” GREATEST HITS TOUR ” во Скопје ќе започне во петок на 04.03.2022 година преку продажната мрежа на https://kupikarta.com/. Југотон и Розе Веро 2.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.