Македонската поп-пејачка Мијата има нов сингл, „Regret“ песна која е на албумот „Небеска“.

„Regret“ e производ на мојата соработка со Давор Јорданoвски кој се потпишува како аранжер, а јас сум автор на музиката и текстот. Иако песната ја темпирав за март, како месец на Жената, со новонастанатата ситуација текстот на REGRET добива уште подлабока и универзална симболика, вели Мијата.

Продуценти на песната се Давор Јордановски и Ѓоко Мишковски, а снимена е во Big Bang Music Recording Studio во Торонто како и во Rock’n Roll студио од Скопје, кој воедно беше и издавач на албумот „Небеска“.

Видеото го изработи Иван Куртевски.

Мијата е благодарна до Бане Поповиќ кој дозволил да се користат материјали оригинално снимени од “Томато Продукција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.