Компанијата ,,Екстра меин” ги покри трошоците за новиот проект на дуото ,,Некст Тајм” околу обработката на песната ,,Јовка кумановка” за која се сними и видео спот.

Првично, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски најави дека градот имал планирани буџетски средства за новата обработка на дуото, која беше промовирана вчера во големата сала на Центарот за култура, по повод празникот, а во чест на 500- годишнината од постоењето на градот.

Сепак, во меѓувреме од компанијата ,,Екстра меин” решиле да инвестираат во проектот заради афирмација и зачувување на македонските традиционални културни вредности и очекувале дека оваа песна во иднина ќе стане химна на градот.

Аранжманот за новата верзија на старата македонска песна ,,Јовка кумановка” е на Николче Мицевски, во режија на Огнен Шапковски.

(Извор – Фокус.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.