По долго боледување почина ќерката на музичката икона Мери Цетиниќ. Тажната вест пејачката ја објави на социјалните мрежи.

Со неизмерна болка објавувам дека мојата сакана ќерка Ивана Буриќ почина вчера во Клиничката болница во Сплит на 44-годишна возраст. Беше мој скапоцен камен, твојата прекрасна поетска душа, полна со љубов и нежност, големиот музички талент, хуморот…ни го правеа животот среќен, преполн со љубов…Тешката болест ни се закануваше, но заедно ја надминувавме… Овојпат беше посилна, не успеавме сонце мое, и драгиот Бог те зеде во своите прегратки кон небесата, ѕвездите, а на твојата неутешна мајка ѝ остави најдлабока тага… Твоето стотици пати повторено „мамо, те сакам“ ќе одѕвонува во моето срце засекогаш! Почивај во мирот Божји, моја најмила Иви, напиша неутешната пејачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.