По преставувањето на Македонија на „Евровизија“, скопското музичко дуо Ај Кју по пауза од пет години му се врати на најстариот македонски фестивал на забавни мелодии, „Макфест“.

Бојан и Марија и покрај атрактивниот настап останаа без награда по нивната изведба на песната „Ти си ми сон“, но затоа, пак, Марија со својот изглед заслужи најмногу воздишки.

Марија беше облечена во свечено здолниште, во кое изгледаше прилично предизвикувачки и провокативно, со сето она што мајката природа и го дарила и ја надарила, а модната креаторка сето тоа го спакувала во прекрасна предизвикувачка креција.

Таквата смела комбинација резултираше со тоа пејачката да ја го понесе епитетот „најширокограда“ на макфестовската сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.