Таа е правничка која само неправдата може да ја исфрли од колосек, но затоа гитарата и дружбата со пријателите ја носат низ животот. Пишува песни, свири и пее. На прашањето дали би била дур или мол, без размислување одговара дур. Таа е Марија, а „Пожури, пожури“ е нејзиниот прв сингл. Таа е лице и глас кои добро ги познавате.

Радоста од создавањето и музичките соработки се гориво за погонот на Марија. Некои од најпознатите теми на Фрајле ги потпишува токму Марија или Макица, како што на нарекуваат пријателите. За своите дела добила и бројни награди, ја освојувала фестивалската публика и заземала први места на топ-листите, а албумите на кои е нејзиниот авторски печат се вбројувани меѓу најдобрите во Хрватска и регионот.

Марија сега гради соло кариера, а неретко се вљубува во своите песни, па сака да ги чува само за себе. Нејзината нова композиција, за која текстот го потпишува Алка Вуица вредела да се чува. Како што вредело и одењето до Венеција каде е снимен спотот о режија на Сандра Михаљевиќ.

Поранешната членка на Фрајле пред осум месеци, а после 12 години поминати во групата, реши да се впушти во соло водите. За новата песна вели: „Во прашање е балада, но малку поинаква… Многу го сакам медитеранскиот призвук, медитеранскиот поп. Ова е токму она што го сакав – да биде и метирански и модерно.“

Освен од првата песна Марија е задоволна и од спотот, а за снимањето вели дека поминало во одлична атмосфера.

„Малку се забавуваме, малку работевме, малку патувавме“, вели Марија која песната ја направила летово, но решила да не ја даде некому, туку сама да ја отпее.

„Постојано ја потпевнував, едноставно ми „влезе во уво“ и долго размислував за неа. Алка Вуица ми рече дека е најдобро сама да ја отпеам. Секогаш кога правам песна размислувам за тоа кој најдобро ќе ја изнесе, па така размислувам и кога сум самата во прашање. Дали ќе застам зад песната“, вели.

Инаку, Марија освен за себе во изминатиот период направи песна и за Камби со која настапија на „Дора“, а наскоро излегува и новата насловена „Моја душа“. Работеше со Алка Вуица на нејзиниот нов албум, како и за Мате Гргат, познат по неверојатниот тенор.

 

Фотографии: Борна Хржина

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.