Италијанската група Манескин, победник на Евровизија 2021, нема да ја започне пролетната турнеја наречена „Loud kids“, како што беше претходно најавено.

Фронтменот на групата, Дамијано Давид, се обрати преку социјалните мрежи и објасни дека ситуацијата со коронавирусот е комплицирана во цела Европа.

Се беше подготвено да тргнеме, но добивме многу лоши вести за рестрикции во последните денови. Не можеме да гарантираме ниеден настап, бидејќи земјите во кои требаше да одиме ги менуваат правилата од недела во недела. Досега ги откажавме сите настапи до средината на март, но и остатокот од турнејата е под знак прашалник – изјави харизматичниот Дамиано, кој им се заблагодари на сите за поддршката и вети уште пожестоки настапи кога ќе се исполнат условите за нив.

Манескин треба да настапи на Санремо и на Евровизија во Торино, но не се знае дали публиката ќе биде пуштена. Засега единствено е сигурно дека ќе свират два големи летни концерти на отворено во јуни и јули на стадионите во Удине и Рим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.