Пејачката Наташа Малинкова, која важи за една од највредните изведувачи на македонската естрада, сними нова песна и во услови на пандемија.

Како и претходно, така и за „Сè што ми зема“, комплетен автор на ова најново музичко парче на Наташа е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов.

Во ова време-невреме мислам дека на сите нас ни недостига музика. Јас и мојот тим имаме повеќе готови песни, но одлучивме дека сега е време токму за оваа песна и мислам дека направивме одличен избор, вели накусо Наташа.

Слушнете и погледнете го видеото за „Сè што ми зема“:

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.