На престижниот Sunny hill Festival, освен веќе добро познатите Calvin Harris, или како што го нарекуваат „master mind“ на сите хитови, како и мега популарните Miley Cyrus и Gashi, ќе биде и македонскиот диџеј Ампов.
Младиот и уникатен 16-годишен диџеј Ампов е еден од најдобрите и најнадежните артисти на овие простори, кој со само 14 години настапи на Skopje Calling, и тоа на иста сцена со Martin Garrix (2017) и Axwel & Ingrosso (2018), како и со Hardwell на Ohrid Calling (2017). Исто така, има настапувано и со Ravitez, Justin Mylo и Julian Jordan на фестивалот Калабалак, како и низ вашите омилени кафулиња и дискотеки низ Македонија.
На Ампов годинава му припадна честа, како единствен претставник од Македонија, да настапи на престижниот Sunny hill Festival 2019, кој се одржува од 2 до 4 август во Приштина, а лани го имаше своето успешно издание кога главна ѕвезда беше поп-пејачката со косовско потекло Дуа Липа.
Директор на фестивалот е токму нејзиниот татко Дукагин Липа, кој уште минатата година најавуваше дека секое следно издание ќе биде поатрактивно и поуникатно од претходното.
Sunny hill Festival ќе се одржи од 2 до 4 август во паркот Грмиjа во Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.