Македонската кандидатка Мими Јовановска од Велес која има само 19 години го воодушеви жирито од „Ѕвездите на Гранд“ кое стана на нозе додека таа беше на сцената.

„Нема ништо поубаво од тоа да се слушне некој кој знае да пее. Сите плачат поради тебе Џенане“, изјави Снежана, со оглед на тоа дека Џенан Лончаревиќ, како член на гостинското жири, е ментор на нашата Јовановска. Џенен исто така беше воодушевен, а потоа започнаа да се редат и коментарите.

„Пееше како најскапиот швајцарски часовник“, изјави Марија Шеривовиќ, а Ана Бекута се надоврза:

„Ја запознав Мими, таа оваа песна не ја слушнала претходно, никогаш не ја пеела. Таа го направи тоа феноменално“.

 

Нејзиниот настап можете да го погледнете во следното видео, поточно на 50 минути и 20 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.