Mакедонија ќе настапи во првата половина на eвровизиското финале, кое ќе се одржи в сабота во 21 часот. Тамара и Македонија настапуваат под реден број 8.

Пред почетокот на полуфиналната вечер, организаторите потврдија дека свој настап во финалето ќе има и светската ѕвезда Мадона.

На прес-конференцијата што се одржа синоќа веднаш по второто полуфинале на „Евровизија 2019“, Тамара се заблагодари на сите кои гласаа за Македонија и изјави дека е многу горда на својот тим без кој рече дека не можела да успее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.