Музичкиот натпревар Евровизија следната 2021 година сигурно ќе се одржи а ќе учествува и Македонија.

Полуфиналните вечери се резервирани за 18 и 20 мај, а финалето ќе се одржи на 22 мај кога ќе биде прогласен и победникот. Следната година домаќин ќе биде Холандија, а музичкиот спектакл ќе се организира во Ротердам.

Холандија победи на овој музички избор во 2019 година, но поради коронавирусот оваа година натпреварувањето не се одржа.

На официјалната страна на Фејсбук на Евросонг е објавено дека идната година на натпреварот учество ќе земат 41 земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.