Карантинот за време на пандемијата на вирусот корона е тежок период за музичката ѕвезда Мајли Сајрус.

Во едно интервју за магазинот „Ел“, таа открива дека и е тешко да остане трезна, но и дека е повторно на вистинскиот пат и не може да биде посреќна.

Да бидам целосно искрена, како и многу луѓе, паднав психички за време на пандемијата. Така што, никогаш не би лажела дека сум престанала да пијам, а вистински не сум. Јас сум трезна веќе две недели и затоа сум многу среќна – открива Мајли и признава дека и било тешко да се носи со тоа да остане трезна и присебна.

Мајли изјави дека решила да не се обвинува себеси поради тоа.

Немам проблем со пиење. Имам проблем со одлуките што ги донесувам кога ќе пијам премногу – вели Сајрус, која помина низ многу тешкотии во последните три години од својот живот кои ги нарекува „коктел од хаос“.

За тоа време, таа се разведе од сопругот, актерот Лиам Хемсворт, по помалку од една година брак, но една деценија врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.