Контроверзната пејачка и актерка Мајли Сајрус тврди дека имала контакт со вонземјани и дека искуството било толку вознемирувачко што таа не можела да гледа во небото со денови.

Во интервју за списанието „Интервју“, Сајрус рече дека имала искуство со вонземјани додека се возела низ Сан Бернардино со пријател и дека „некое НЛО ја бркало“.

Јас сум прилично сигурна во она што го видов, но исто така купив марихуана од момче во комбе, па можно е да е од тоа, рече таа, пренесува Инди100.

Таа потоа објасни како изгледало НЛО-то и дека „светкало жолто“. Исто така изјавила дека нејзината пријателка исто така видела НЛО, како и некои луѓе од други автомобили.

Пејачката исто така изјавила дека воспоставила контакт со очи со вонземјанинот.

Тој ме погледна и ние воспоставивме контакт со очите и тоа е она што особено ме шокираше, гледајќи во очите на нешто што не можев да си го објаснам што е тоа. Се тресев околу пет дена. Ме уништи целосно. Не можев да го гледам повеќе небото со истите очи. Мислев дека можат да се вратат, заклучува пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.