Концертот на Крсте беше магичен и тоа го потврди публиката која дојде и со долги аплаузи му возврати љубов на овој наш драг музичар.
Ретка прилика, која долго ќе се памети…емотивна акустична средба која беше прошетка низ првите изданија на Крсте Роџевски кои досега не биле изведени во живо во Битола.
Крајот…беше потсетник дека неговиот нов опус е тука, а на бис подари неколку нумери, меѓу кои беше и една од Вања Лазарова.
Со овој концерт синоќа, новата сезона на настани во Центарот за култура ветува старт од кој треба да се очекува многу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.