Американската пејачка Мадона им се придружи на протестите во Лондон под паролата „Животот на црните луѓе е важен“, предизвикани од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд по бруталното приведување во САД.

 

Таа носеше црна маица со натписот „Животите на црните луѓе се важни“ и големи темни очила, со цел да не биде забележлива меѓу демонстратите, пренесува Дејли Мејл.

Обожавателите на Твитер споделија видео и слики од 61-годишната ѕвезда, истакнувајќи дека таа „секогаш е на вистинската страна на историјата“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.